Веќе подолг период времето надвор е прекрасно, па слободно можете да почнете со пролетното чистење и уредување на вашата тераса.

Без разлика дали имате мала тераса или пак доволно место да го собере целото семејство, мора да направите да уживате во секој момент поминат надвор.

Терасата може да ја направите место од кое нема да сакате да си заминете со само неколку промени.

Доколку сè уште немате, набавете си дрвена маса и столчиња кои се дефинитивно најдобар избор, а покрај зеленилото, погрижете се и за осветлувањето кое дава поинаква магија во текот на вечерните часови.

Одвојте малку време и пронајдете ги соодветните светилки, а вистински хит оваа сезона се оние во вид на бели лампиони кои ќе направат вашата тераса да изгледа подобро од кога и да е.

Доколку имате повеќе простор, вложете во апарат на кој ќе може да готвите и да уживате во храната на отворено, а секако со тоа, да не се грижите за миризбата во вашиот дом.

Ако сте пак обожавател на опуштени и лежерни моменти, набавете си големи перници кои ќе ги ставите на земја и на кои ќе можете да уживате во пријатните моменти со пријателите.

Во галеријата погоре погледнете неколку супер предлози кои дефинитивно ќе ве инспирираат за пролетно уредување на вашата тераса.

Објавено:
28 април 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.068 пати