Четиринаесетиот Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација 2017 завршува денеска, откако речиси цела недела потенцијалните клиенти имаа време да го одберат своето ново место за живеење.

Со соодветен коктел и забава, успешните саемски денови ги прослави и градежната компанија Elena Luka Home на чиј штанд клиентите и денеска можеа да се информираат за одличните нови понуди.

На штандот на оваа градежна компанија можевме да видиме голем број на гости, клиенти и потенцијални клиенти, пријатели и познати личности кои придонесоа за уште поинтересен последен саемски ден.

Сопственичката и генерален менаџер на компанијата Elena Luka Home, г-ѓа Елена Пандева за Fashionel изјави дека е навистина задоволна од тоа како поминале саемските денови годинава.

„Имаше клиенти кои знаеја што сакаат да купат, луѓето доаѓаа наменски, не само за да се прошетаат. Мислам дека годинава саемот беше многу поефикасен од претходните години, барем Elena Luka Home помина одлично. Затворивме доста договори, имавме многу консултации, закажавме и доста состаноци за веднаш после Саемот. Генерално, можам да кажам дека ова е успешна година. Ние имавме навистина што да промовираме, особено комплексот во Аеродром каде го почнуваме третиот и последен објект во комплексот El Home – Eco Home, кој ќе има некаде околу 9.000 метри квадратни. Аеродром е една урбана населба со одлична комуникација и инфраструктура, во однос на градинки, училишта, трговски центри кои се навистина блиску. Промовиравме и два нови објекти, „Twins“ лоцирани во општина Карпош, а потоа и еден објект во населба Црниче насловен како „Divine“. Сите се различни по сензибилитет и архитектура и мислам дека нашите клиенти и сите што ја следат работата на Elena Luka Home, имаа навистина што да видат овој пат на нашиот штанд и за што да се информираат. Сите локации се различни и ние имаме навистина различна понуда на пазарот“, изјави г-ѓа Елена Пандева.

На прашањето за која од трите атрактивни локации потенцијалните клиенти се најмногу заинтересирани, г-ѓа Пандева вели дека сите локации се различни и навистина одлични.

„Реално да ви кажам, мислам дека луѓето сѐ повеќе веруваат во брендови, на сопственици на фирми, и не им е толку важна локацијата. Зависно од намената на станбениот простор, но и ние како инвеститори, внимаваме да биде тоа локација која што во близина ќе ги има сите тие пропратни елементи за кои разговаравме претходно. За сите локации имаме одлични побарувања. Аеродром на пример е прекрасен и огромен комплекс и буквално целиот е распродаден. Имаше многу голем интерес. Од другата страна пак, Карпош како една зелена населба, повлече друг таргет на луѓе и тука имавме доста заинтересирани клиенти. Црниче пак е сосема мирно место кое се наоѓа во близина на една од најстарите цркви во Скопје. Повторно, станува збор за навистина различни локации по сензибилитет, а ние секако имаме понуда за секој“, завршува г-ѓа Пандева.

На штандот на Elena Luka Home и денеска имаше голем број на заинтересирани клиенти кои одлучуваа за своето ново место за живеење и една од трите атрактивни локации што компанијата ги нуди.

За добрата атмосфера на последниот саемски ден на штандот на Elena Luka Home се погрижи единствената Вера Јанковиќ со забавен диџеј сет, а сите присутни можеа да уживаат и во пригодна закуска и супер забава.

Таму можевме да видиме и некои од пријателите на компанијата меѓу кои и секогаш позитивната Лила Стојановска во друштво на ТВ водителката Јована Стојменовиќ, Снежана Богдановска – Сани, групата Љубојна, Сузана Турунџиева, дечињата од домот 11 Октомври и уште многу други.

Објавено:
4 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
331 пати