Замокот на Жизел Бундшен и Том Бреди во Лос Анџелес

25 јули 2017

Моделот Жизел Бундшен и спортистот Том Бреди се втората најплатена двојка во светот, ако им веруваме на статистиките на „Форбс“

Затоа и не изненадува фактот дека до пред некоја година живееја во градба вредна 20 милиони долари, која потсетува на замок.

Четири години траела изградбата и создавањето на домот од соништата, чија вредност потоа ќе биде проценета на 50 милиони долари, за во 2014 година „Доктор Дре“ да ја купи за 40 милиони.

Без разлика на тоа кој е сега сопственик, ова дефинитивно важи за еден од најубавите домови на двојката (а имаат неколку).

Огромниот двор, како и базен со лежалки е она што прво ќе ве привлече, но и внатрешноста не е ништо помалку убава. Има огромна кујкна, неколку спални, сала за вежбање, соба-гардеробер за Жизел, детска соба...

Зданието се простира на површина од околу 18.000 метри квадратни и е буквално исполнување на сон.

Погледнете:

Објавено:
25 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.124 пати
Извор: 
architecturaldigest.com