Аутизам значи уникатност и талентираност

2 април 2018

Втори април е Светскиот ден на свесноста за аутизам, па токму затоа и овој текст го пишуваме со сини букви.

Овие сини букви ќе создадат еден текст со позитивни примери за тоа дека и луѓето со аутизам го имаат сето право на дружба, безгрижност, љубов и живот исполнет со убавини. А всушност, најмногу од сè сакаме да дадеме до знаење дека кај овие прекрасни личности се крие спектар на креативност и таленти.

Да се биде “поинаков“ знае да биде и предност, а еве и зошто го мислиме тоа:


Има аутизам и свири 19 инструменти

Рабија Ајтек од Турција со помош на мајка си и професорите успева да ги победи предрасудите во врска со лицата со аутизам. Не само што успева да запише државен факултет, таа е исклучително талентирана девојка, која свири дури 19 инструменти.

-Рабија на две и пол години се повлече во себе. Јас не можев да се грижам за неа сè до нејзината петта година, бидејќи боледував од канцер. Поради проблемите што ги имаше и кои несвесно ги предизвикуваше во околината и училиштето, таа не можеше да го продолжи основното образование. Но, со неа работеше психијатар кој со правилна терапија изврши големо позитивно влијание на нејзиниот животен пат - вели нејзината мајка Канан.

Така почнува да се открива нејзиниот талент за музика. После неколку години свирење гитарата, почнува да се интересира и да оди на курс по виолина, клавир и часови по пеење. Успехот бил видлив многу бргу, по што се одлучува да запише уметничко училиште. На приемниот испит освојува максимален број поени, што ќе ѝ донесе комплетна стипендија. 

Во исто време, оди на државниот конзерваториум во Истанбул и развива талент за свирење на дури 19 инструменти.

„Не ја праќав на училиште за да се социјализира. За тоа постојат други места. Овие часови беа важни за неа како музичар. Нашата цел беше да студира на државен факултет. На тој начин таа ги совлада сите препреки како личност со потешкотии во развојот. Мојата цел е да им се отвори патот и на другите деца што имаат сличен проблем како Ранија - посочува нејзината мајка.


10-годишно момче со аутизам ќе ве фасцинира со своето пеење

Калум Кортни е името на 10-годишното момче од Британија кое ги воодушеви посетителите на еден супермаркет со своето пеење. Од компанијата го споделија видеото, па Калум досега во видоа милиони луѓе. Неговата мајка Тапнеј вели: „Калум врескаше во перници и трчаше наоколу од возбуда и среќа, не може да верува колку многу луѓе ужувале во неговото пеење. Тој се бори да се вклопи во светот, а ова значи дека светото конечно го прифаќа. Макар еднаш нека види какво е чувството да се биде популарен, бидејќи тој навистина се бори околу социјализацијата“.

Инаку, Калум го пријавиле на аудиција за шоуто „The Voice“, но го одбиле. Сепак, тоа не се одразило на неговата самодоверба.

-Се надеваме дека сега ќе го видат ова видео. Сега еден музички продуцент сака да сними една песна со него за доброволни цели. Тој стана локална ѕвезда, сака да зборува со сите и постојано го застануваат на улица. Но, тој сосема го прифаќа тоа и има самодоверба. Му се допаѓа чувството додека пее, а и му се допаѓа кога ќе го слушне својот глас кога пее. Постојано пее низ дома, а настапувањето во јавност никогаш не било проблем. Колку повеќе луѓе, толку за Калум е тоа подобро. Тој не сфаќаше колку е добар, додека не го виде видеото и ми рече: „Мамо, јас всушност сум навистина добар“. Јас го снимив за сопругот да го види, но мојата сестра го сподели на Фејсбук и така се случи сè! Калум има висок степен на аутизам, што значи дека има потешкотии на училиште и за спријателување, но од друга страна, му отвора можности да пее и да не се плаши. Ние му го опишуваме аутизмот како супермоќ. Можеби некои други работи од животот му се одземени, но му се пренасочени во супермоќта за музика - објаснува мајката.

Во продолжение слушнете го Калум како прекрасно пее:


Карли - првата водителка на невербално тв шоу

Со две години ѝ е дијагностициран аутизам и орално-моторна апстракција што ѝ го оневозможува развојот на говорот. Но, на 10-годишна возраст доживува голем пресврт кога ќе биде во можност првпат да комуницира преку тастатура. Денес, 22-годишната Карли Флајшман ја користи технологијата како свој глас, за да ги изрази своите мисли и чувства. Воедно, таа е првата невербална водителка на ТВ емисија, како и инспирација за многу личности со аутизам.

-Мојот глас е гласен и снажен. Можам да го делам знаењето и да сочувствувам со семејствата кои тукушто ја започнале борбата заедно со своето дете. Брат ми нарача оброк, а потоа и сестра ми. Но, кога ни стаса храната, тие го добија она што го нарачаа, додека на чинијата пред мене, не беше тоа што јас го замислив во својаа глава. Тогаш првпат сфатив дека немам глас, немам комуникација. Никому не можев да кажам дека не се чувствувам добро и дека со рацете се удирам по глава, за да престанам да го правам она за што знаев дека не е во ред - раскажува Карли.

На 10-годишна возраст, таа успева да го пронајде својот глас и започнува да комуницира со реченици од еден збор. Почнува да го бара она што го сака, нешто што дотогаш не можела. Процесот на учење на пишување реченици за неа бил макотрпен и тежок, поради нејзините слабо развиени фини моторики. Штом веќе имаше можност да комуницира, Карли посакала на својата мајка да ѝ порача колку ја сака, а во тоа ѝ помогна и водителката Елен Деџенерис. 

„Секој пат кога ќе посакав да ѝ кажам на мајка ми колку ја сакам, таа ќе ме прекинеше и ќе почнеше да погодува што ќе напишам на компјутерот. При еден престој во Лос Анџелес, ја замолив мојата пријателка да ѝ каже на мајка ми дека ја сакам. Елен беше мојот глас и ги кажа тие зборови, кои повеќето луѓе ги изговараат за помалку од 30 секунди“, вели Карли.

Инспирирана со Елен и Опра, таа повторно доаѓа до насловна страна, водејќи разговор со Чанинг Татум во првата епизода на своето ток-шоу „Speechless with Carly Fleishmann“ - Без зборови со Карли Флајшман, првото невербално ток-шиу. Карли го покажа својот талент и воодушеви со интересните и духовити прашања, на кои и ѕвездите одговараа опуштено.


Со уметност против булинг

Ерик денес има 12 години, а дијагностициран му е аутизам на 5-годишна возраст. Поради тоа што е малку поинаков, тој е жртва на булинг на училиште. Но, тој успева да се огради од проблемите и да ги надмине сам и тоа преку уметност. 

-Се обидовме да го ставиме во клас за уметност, но тој одби да оди, затоа што повеќе сака самиот да учи и да открива работи. Отворив и страница посебно за неговата работа, бидејќи мисли дека не е доволно добро, а јас сакам да види дека на луѓето им се допаѓа тоа што го работи. Тој не умее да пишува или чита, но е одличен во уметничкиот израз  - вели неговата мајка Анџела, која позитивниот пример на својот син го споделува преку блог, со цел да им даде поттик и поддршка на останатите мајки и деца што се или биле во слична ситуација. 

Ерик почнал да се изразува преку своите цртежи, а неговите родители ја почитувале желбата да учи сам. 

-Ниту едно дете не треба да биде жртва на булнг. Сметам дека децата со аутизам се посебни и паметни и треба да ги слават своите неверојатни таленти - порачува Анџела.

А  на линкот ТУКА  можете да ја погледнете страницата за Аутизам МК, и да  им дадете поддршка!

Објавено:
2 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
213 пати