Азорски острови - место во Португалија каде е вечна пролет

19 март 2019

Португалија последниве неколку сезони е мошне популарно туристичко место. Сепак, ако сакате да избегате од клишеата, па во тој случај доколку Лисабон и Порто не се опција, наш предлог се Азорските острови.

Зошто ова може да биде совршена дестинација за вас?

Поради благата клима и пејзажите кои сведочат за нивното вулканско потекло, Азорските острови во Атлантскиот океан, со девет магични осрови се вистински бег од реалноста.

Ако се мислите кога е најдобро време да ги посетите, одговорот ќе ве израдува - било кога! Причината за тоа е што таму е секогаш пролет. Овој архипелаг е сместен во како што рековме во Атлантскиот океан, а всушност е дел од португалската територија. Овие острови се нарекуваат уште и рајски поради неверојатните оази и убавина со која се опкружени. 

Азорскиот архипелаг е сочинет од девет „распрснати“ острови кои се поделени во три групи. На источниот му припаѓаат островите Сао Мигуел и Санта Марија, во централниот се Фајал, Пико, Сао Хорге, Теркеира и Грасјоса, а во западниот Флорес и Корво. 

Географите велат дека Азорите се всушност врвовите на највисоките планини на светот, но тоа не може да се види бидејќи нивната основа се наоѓа на дното на океанот. Плодното тло на сите девет острови и егозтичната вегетација се последица на вулканските активности. Денес можат да се видат кратери и карпи кои стојат како споменици и чуда на природата. 

На островот Сао Мигел може да се доживее сета разноликост и убавина на азорските предели. Поради својата вегетација, островот го добива и називот „зелен остров“. Понте Делгадо, главниот град на азорскиот архипелаг е најблиското место од матичната Португалија, а зад масивната градска капија можат да се видат тесни приморски улици, типични португалкси куќички и мали ресторани. Тука е сместе и аеродромот „Жоао Пауло II“, на кој слетуваат повеќето авиони од разни делови на светот.

Сите острови се познати по производството на чај, тутун, ананас и вино, па не пропуштајте на шансата да посетите некоја од плантажите или некоја винарија, како и да пробате ликер од ананас.

Она што е интересно е да на Сао Мигел не ви треба шпорет за да готвите. Иако звучи смешно и по малку застрашувачки, жителите откриваат дека за подготвувањето ручек е доволно да направите дупка во земјата и лонецот со сите намирници да го спуштите во него. Во средиштето на ова земјиште е толку топло што на крај ќе ве послужат со ручек кој е толку вкусен како да сте го крчкале на тивок оган.

Ако ги посетувате азорските острови, не пропуштајте да ги видите и двете езера - зелено и сино. . Освен фантастичната глетка, туристите се воодушевени и од старата португалска приказна за „љубовта на двете езера“, односно за легендата за пастирот и принцезата чија љубов била забранета. Семејството на принцезата ги раздвоило, па тие со денови плачеле. Од нивните солзи се формирале две езера во боја на нивните очи. Принцезата наводно имала сини, а пастирот зелени. 

Азорите се познати и по разни фестивали, кои се организираат неколку пати годишно за време на кои имаат воспоставено убави обичаи. На пример, за време на разните фестивали по главните улици на Понто Делгадо, жителите прават патеки од најпрекрасното цвеќе во живи бои, по кои чекори фестивалската поворка.

Списокот на работи што би можеле да ги доживеете и видите на ова фантастично место не завршува тука. Погледнете од фотографиите за каква убавина се работи:

 

Објавено:
19 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
264 пати