Балашевиќ доаѓа во Скопје!

13 февруари 2018

„По пауза од три години, човекот на кого навистина не му е потребна никаква реклама и човекот на кого навистина не му се потребни никакви артибути и суперлативи во најавата- Ѓорѓе Балашевиќ, доаѓа да одржи концерт за којшто сите знаеме дека ќе биде уникатен“, велат од Авалон“ во соопштението за јавност.

На 19-ти мај, во 20 часот, ВИП Арената „Борис Трајковски“ е местото каде што ќе бидат обожавателите на Балашевиќ, што тој ги нарекува к „бистроооки“, не само од Македонија, туку и од цела поранешна Југославија, бидејќи има многу луѓе што го гледаат на сите негови концерти.

Во рамки на последната турнеја во која беа навистина во рекордно време распродадени сите арени во регионот: загребската, белградската, „Зетра“ во Сарајево, „Спенс“ во Нови сад и други, Авалон Продукција се потруди да го донесе Балашевиќ во Скопје, во веројатно најубавиот месец во годината, месец мај, со желба убавите денови во 2018 година да бидат помногубројни од просечните.

Балашевиќ во изминатиот период ја објави својата нова книга продолжение на „Календар мог детињства“, како и фантастичната нова песна „Дно дна“, која предизвика огромно внимание низ целиот регион.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 15-ти февруари во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по следниве цени и категории:

700 денари ПАРТЕР (стоење)

900 денари ТРИБИНИ (блок 1 и 15)

1000 денари ТРИБИНИ (блок 2, 5, 6, 7, 9, 10, 11 и 14)

1200 денари GOLDEN SEATS (блок 4, 8 и 12)

Објавено:
13 февруари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
680 пати