Балетскиот спектакл „Ана Каренина“ на сцената на МОБ

4 февруари 2019

Балетот во два чина „Ана Каренина" со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на сцената на МОБ ќе ја гледаме на 8 февруари 2019, со почеток во 20.00 ч.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина" на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова-Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка...

Моќна, динамична, емотивна...!

Објавено:
4 февруари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
727 пати