Белиот град Остуни - идеална есенска дестинација во Италија

30 октомври 2019

Ако сте размислувале за есенско патување, а притоа сте љубител на Италија, ние имаме супер предлог за вас – белиот град Остуни.

Се работи за средновековно гратче кое се наоѓа во регијата Апуља. Поради својата бела архитектура и улички го добива називот „бел град“.

Ова е едно од најубавите места кои можете да ги посетите во јужна Италија. Вистински пример за медитеранска архитектура, дрвените врати и цвеќињата кои ги има речиси на секој чекор, му даваат посебен шмек кој ќе ве освои од прва.

На главната улица во Остуни се нанижани дуќанчиња со сувенири и маслиново масло. Да, доколку го посетите ова гратче, не заминувајте си без маслиново масло и вино.

Откривањето на тесните улички ќе ви овозможат да го доживеете одблиску овој мирен и несекојдневен град.

Катедралата од 15 век во готски стил е знаменитост што мора да ја видите. Речиси целиот град има поглед на море, така што уживањето ви е загарантирано.

Крајбрежјето во близина на Остуни има и неколку недопрени плажи. Оние што биле препорачуваат престојот да го поминете во селските куќи „Масерија“ во некое од околните села. На тој начин ќе бидете сместени во базата за истражување на градот, а воедно ќе бидете во близина на некои од околните градови кои можете да ги посетите, како што е Локоротондо.

Во зимските денови градот има околу 32.000 жители, додека во летните таа бројка се искачува и до 100.000.

Инстаграм фотографиите во продолжение ќе ви ги пренесат впечатоците од оние што веќе биле и сигурни сме дека ќе ви ја распламтат желбата што побргу да го посетите.

Објавено:
30 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
244 пати