Би го носеле ли детето во градинка без играчки?

4 септември 2019

Во познатиот американски магазин The Atlantic неодамна осамна една навистина интересна приказна од мајка со американско потекло која подолго време живее во Берлин.

Токму таму, нејзиното дете посетува градинка која уште од 90 – тите има една навистина интересна пракса со која голем дел од родителите не се согласуваат, но истата има одлична поента.

@goodstart_early_learning

Имено, три месеци од годината, во градинката не се дозволени играчки, односно децата заедно со воспитувачките ги собираат сите работи со кои си играле во кутии за складирање, по што треба сами да смислат како ќе го поминат времето.

Во тие три месеци, воспитувачките не им даваат ниту идеи како и со што би можеле да си играат, за што голем дел од родителите ќе кажат дека е малку престрого, но целата поента на овој проект е децата да научат и развијат животни вештини што ќе им помогнат да се изборат со било какви навики и зависности со кои би можеле да се соочат во животот.

@plant_based_news

„Со оглед на тоа што немаат со што да си играат, тие можат сами да развијат идеи како да го поминат времето и сами да смислат игри, поминуваат повеќе време заедно, а така работат и на нивното однесување. На овој начин, децата стануваат покреативни, заедно ги решаваат проблемите и ги исправаат грешките, а тука е и емпатијата“, вели Елизабет Зајферт која е директорка на организацијата што го промовира проектот.

Ваквата идеја се родила уште во 80 – тите години откако една студиска група која се занимавала со истражување на разните видови зависност, уочила дека голем дел од истите се јавуваат уште во детските години.

@the_spruce

Очекувано, проектот се сретнал со несогласувања од голем број експерти и родители, па дури и професори по психологија кои велеле дека ова може да се смета и како злоставување на децата.

Поради ова, проектот е намален на шест недели, односно еден ден во неделата во текот на пролетта, кога децата повеќе време можат да поминуваат надвор.

@goodstart_early_learning

Какво е вашето мислење за ова?

Инфо: The Atlantic, Stil.kurir.rs

Објавено:
4 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
195 пати