Би летувале ли во камп приколка?

5 јули 2019

Ако ви здодеа секое лето да одите на ист одмор, со сигурно сместување во прв ред на плажа, тогаш оваа година ризикувајте и направете нешто сосема поинаку.

На социјалните мрежи веќе некое време вистински хит е кампувањето со приколка, одмор кој можете сами да си го аранжирате како сакате, да правите што сакате и вистински да уживате во секој миг.

Со камп приколката можете да посетите повеќе места во една земја, па дури и да патувате во повеќе држави и да имате одмор од соништата што долго ќе го паметите.

Како инспирација, денеска ви прикажуваме една прекрасна, но луксузна камп приколка која е стационирана во Калифорнија и изгледа неверојатно.

Покрај атрактивната локација, подеднако атрактивен е и ентериерот на приколката која има капацитет за две лица, како и заеднички простор пред истата.

Во близина на истата има неодолива и супер луксузна бања која ќе ве опушти во целост и во која ќе можете вистински да уживате.

Што се однесува до останатите активности, задолжителен е логорскиот оган за целосно доживување.

Би летувале ли во камп приколка?

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
5 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
458 пати