Во Манчестер Сити неодамна се одржа „Dig the City“ фестивалот посветен на градинарствто, а на отворањето беа забележани пет интересни шапки направени комплетно од цвеќиња, во чест на настанот.
Шапките се креирани од Лиса Дикинсон, а неверојатните дизајни се направени од црвени рози, краспедиа со мали растенија од фамилијата сукуленти, како и од гипсофила и орхидеи, астилба, аспарагус и хризантеми.
Забавата, како и шапките се изработуваат штом ќе процветаат цвеќињата, а целиот фестивал трае девет дена и во тие рамки се уредува центарот на градот.
Во продолжение погледнете ги интересните и оригинални шапки направени од свежи цвеќиња:
шапка од црвени рози
шапка изработена од краспедиа со мали растенија од фамилијата сукуленти
шапка од бела гипсофила
шапка од астилба, аспарагус и хризантеми
шапка од орхидеи