Бијонсе и Џеј Зи го зголемија буџетот на Лувр

8 јануари 2019

Минатата година Бијонсе и Џеј Зи го снимија видео спотот за песната „Apeshit“ во популарниот музеј Лувр, а досега видеото го имаат погледнато повеќе од 148 милиони луѓе.

Голем број од нив, токму поради видеото во кое се прикажуваат фантастични уметнички дела, го посетиле музејот само за да видат истите.

Деновиве, музејот соопшти дека само во 2018 – тата година примил повеќе од 10.2 милиони посетители, што е досега рекордна и невидена бројка, односно, тоа е за 25 проценти повеќе од претходниот рекорд во 2012 – тата година, што изнесувал 9.7 милиони посетители.

„Ниту еден друг музеј во светот, досега не постигнал ваков рекорд“, соопштија од управата на Лувр, со што се оправдаа што им дадоа дозвола на Бијонсе и Џеј Зи да снимат видео во музејот, нешто што дотогаш не му било дозволено на никој.

Во јули минатата година, музејот лансираше турнеја наречена „Бијонсе и Џеј Зи во Лувр“, преку која посетителите  можеа да ги посетат сите места на кои популарната двојка снимаше инсерти за видеото.

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
373 пати