Билетите за Брајан Адамс пред распродажба

7 ноември 2019

Одбројувањето започна. Доколку сè уште не сте набавиле карти за концертот на Брајан Адамс, кој ќе се случи за седум дена, од „Авалон продукција“ ве потсетуваат тоа да го сторите што поскоро, бидејќи се пред распродавање.

„Драги пријатели, влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Брајан Адамс кој ќе се одржи за точно девет дена во А1 Арената, се пред распродавање!

Како што веќе Ви најавивме, за овој концерт не постои фан пит како категорија, бидејќи музичарот  никогаш не ги двои неговите фанови, па оттаму и интересот за брзото распродавање на билетите во партерот.

Сакаме да дополниме дека брзо се трошат и картите од категориите silver seats, golden seats и Вип, па така, доколку сакате да присуствувате на концертот на Bryan Adams, побрзајте уште денес на нашите продажни места, во Avalon ticket shop во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Потсетување, цената на билетите за Партер се 1990 денари, а за останатите категории информирајте се на линкот ТУКА.

Објавено:
7 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
105 пати