Bijelo Dugme на 8-ми април во Скопје

17 јануари 2017

Култниот балкански рок бенд Bijelo Dugme на 8-ми април закажуваат концерт во Скопје и тоа по долго време.

„Со еднаква доза на задоволство и гордост Ве информираме дека најголемиот музички бренд и бенд на Балканот на сите времиња, Bijelo Dugme, после навистина долго време ќе одржи свој концерт во Скопје.
Концертот на Bijelo Dugme кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски" на 8-ми април, ќе биде досега можеби најспектакуларен и гламурозен концерт кој бендот го одржал досега во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестар, тамбураши...", велат од Авалон продукција.

Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа во Скопје доаѓаат после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на Bijelo Dugme.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18.01), точно во 09 часот, преку проджната мрежа на Купи Карти За Се, а сите детали околу цените на билетите ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.

Организаторите потенцираат дека се одржува само еден ексклузивен концерт.

Во продолжение, погледнете го видеото во кое Брега, Ален и Тифа самите го најавуваат скопскиот спектакл.

700 денари - партер
990 денари – Фан пит (само 1000 влезници)
900- 1.200 денари Трибини
1.500 денари ВИП

Објавено:
17 јануари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.214 пати