Благој Веселинов е „Ѕвезда во подем“ на актуелното Берлинале

12 февруари 2019

После успешната премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во неделата, од Берлинале пристигнаа уште убави вести.

Македонскиот актер Благој Веселинов (34), кого публиката најмногу го запозна по главната улога во „Исцелител“, синоќа во Палатата на Берлинале ја доби наградата „Шутинг старс" (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП).

Тој е еден од десетте актери, таленти во подем, што го добија ова заслужено признание. Останатите добитници (5 мажи и 5 жени) се од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.

„Ова е неповторливо чувство, ви благодарам на сите од срце. И благодарност до Европската филмска промоција што нè поддржа и ни го овозможи ова неверојатно искуство", напиша Веселинов на Фејсбук.

Инаку, тој е третиот Македонец што ја добива оваа награда. Претходно тоа им успеа на Лабина Митевска во 2009 година, односно Наташа Петровиќ во 2011.

„Нашите десет 'шутинг старс' го добија заслуженото признание пред реномираната публика. Убави и гламурозни, секој од нив ја прими својата награда со голем аплауз", соопшти Европската филмска промоција, која ги доделува овие награди 22 години.

 

фото извор: www.efp-online.comfacebook.com/veselinov.blagojaudi-mediacenter.com

 

 

 

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
501 пати