Боб Дилан е добитник на Нобеловата награда за книжевност

13 октомври 2016

Шведската академија одлучи дека годинешниот добитник на Нобеловата награда за книжевност е Боб Дилан.

Легендарниот музичар ја доби наградата за, како што се вели во соопштението „креирање нов поетски израз во рамки на големата американска музичка традиција. 

Ова го прави Дилан првиот рок музичар и текстописец што станал нобеловец.

-Ако погледнете 5.000 години наназад, ќе ги откриете Хомер и Сапфо. Тие пишувале поетски текстови коои требало да бидат изведувани со музика. Истото важи и за Боб Дилан. Тој е одличен поет и за овие 54 години колку што твори, тој постојано се стреми кон креирање на нов идентитет - вели Сара Данилс, секретар на Шведската академија.

Маички во чест на новиот нобеловец

Боб Дилан е роден како Роберт Ален Цимерман во 1941 годин и ја започнал музичката кариера во 1959 година, свирејќи во кафулиња во Минесота. Голем дел од неговите најпознати дела датираат од 1960-тите, кога станува „неформален историчар на проблемите со кои се соочува Америка".

Инаку, последниот Американец што ја освоил оваа Нобелова награда е Тони Морисон во 1993 година. Кога сме кај статистиките, Боб Дилан е 259-тиот Американец кој освоил Нобелова награда (вклучувајќи ги сите категории).

Неговите песни, како Blowin' in the Wind и The Times They are A-Changin' станаа вистински химни на антивоените движења и движењата за граѓански права

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
292 пати