Брижит Бардо филмска икона

Божицата на Сен Тропе

17 јули 2017

Има неколку места на светов кои се митологизирани, како што е тоа случајот со Сен Тропе каде Брижит Бардо повеќе од 40 години е божица .

Уште од раните 60-ти години на минатиот век тоа мало селце Сен Тропе ќе разбуди огромен интерес во светскиот џет сет од Одри Хепберн па сè до Марија Калас. Бардо ќе ја купи својата куќа во ова мало место и ќе го нарече „La Madrague“, уште во средината на 50-тите години од дваесеттиот век.

Таа ова нејзино, условно тајно скривалиште ќе го претвори во престој на секогаш љубопитните папараци. И покрај нејзината позната дискретност што за волја на вистината било полесно да се оддржи во 50-тите и 60-тите години, таа била постојано фотографирана како шета по уличките на Сен Тропе во друштво со нејзиниот познат латино љубовник, Џиџи Рици.

Во 1960-те години Жан Проспер Геј Пара, милијардер од Либан го отвара „Hotel Byblos“ како и исклучително скапата палата „Палата за 1001 ноќ“ посветена само на Брижит Бардо, во срцето на Сен Тропе.

Таа без сомнение и ден денес е вистинска божица, која ќе го донесе целиот свет да го види тој дел од француското крајбрежје, а истовремено е и неуморен борец за правата на животните.

Се повлекува од филмската индустрија затоа што во еден момент ќе изјави дека сè што имала да каже или да го направи на филмското платно, го сторила.

The Saint-Tropez Gendarmerie and Cinema Museum веќе ја имаат постановката на фотографии, изложба која ќе трае до 15 јануари 2018.

„И така Господ ја создаде Брижит Бардо“, нема да биде само попатна изрека, туку посетителите ќе може да уживаат во вистинската Брижит.

Извор фотографии: Getty images, Dailymail, Pinterest

Објавено:
17 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
654 пати