Брајан Фери во Македонска филхармонија во септември!

12 март 2018

„Авалон продукција“ со уште едно изненадување за љубителите на добра музика. Човекот наречен King of the cool- Брајан Фери, доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don't Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум "Avonmore", придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

Брајан Фери, фото: Метју Бекер

„Се разбира дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на Авалон Продукција, во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9ти септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност... за тие кои веруваат во чуда! :)“, се вели во соопштението.

Брајан Фери e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија!

Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р. Македонија ќе бидат пуштени во продажба од 20-ти април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија.

Се разбира дека и во периодот до 20-ти април ќе можете да вршите резервации на следниве телефонски броеви: 070260350 и 078365245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

ВАЖНО: Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 ВЛЕЗНИЦИ!

Објавено:
12 март 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
185 пати