Браво за иницијативата и талентот: Артист го трансформира отпадот во уметност

26 ноември 2019

„Big trash animals" е насловот на серијата уметнички дела на португалскиот артист Артур Бордало кој отпадот го трансформира во масивни уметнички скулптури и мурали.

Хиперпродукцијата на пластика и метал сериозно ѝ се заканува на животната средина, па овој рационален потег на уметникот кој во едно успеал до го спои корисното и убавото, не само што е за поздрав туку е и пример што треба да го следиме.

Тој најчесто користи метал или пластика што ги собира од депонии и ги трансформира во фантастични уметнички дела преку кои испраќа еколошки освестувачка порака до целиот свет.
Погледнете за какви фамозни артистични дела станува збор.

Фото: Bored Panda, Artur Bordalo

 

Објавено:
26 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
265 пати