Бриџит Џонс повторно?

10 септември 2015

Пред точно една година имаше најава за третото продолжение за популарната Бриџит Џонс. Деновиве таа најава почнува да се реализира секако во главна улога е Рене Зелвегер која за третото продолжение рече дека очекува да биде многу забавно.

Во меѓувреме Хју Грант се согласи повторно да го игра ликот на Дениел Кливер, како и Колин Фирт кој пак изјави:

-Како што тргнала работава, возможно е да ја видите внуката на Бриџит Џонс како ја прераскажува приказната.

Продукцијата веќе најави американски актер како партнер на Рене Зелвегер. Според Deadline веќе се започнати преговори со Петрик Демпси кој ја напушти серијата Grey's Anatomy.

Сè уште не се сигурни кој лик ќе го игра Демпси, но се претпоставува дека ќе биде новиот љубовник на Бриџит.

Работниот наслов е „Бебето на Бриџит Џонс“ кој најавува возможни приказни од посвојување на бебе до крадење на истото.

Режисер на филмот ќе биде Шерон Меквајер истата која го режираше и првиот дел во 2001 , а со снимање ќе се започне за неколку недели

Објавено:
10 септември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
483 пати