Британската фанк сензација „The Haggis Horns“ во Скопје

4 декември 2017

Во среда, на 6 декември, со почеток во 22 часот, во ноќниот клуб „Станица 26", концертната агенција и продукција „3Гонга" ви претставува Градска Сесија со „The Haggis Horns", фанк сензацијата од Велика Британија. Овие седум екстравагантни обучени џез музичари во живо звучат и подобро отколку на самите студиски албуми. Нивната музика е комбинација на брејк бит фанк, хип хоп, афро бит и џез.

На оваа група докажани музичари и не им е потребна помпезна најава, земајќи предвид дека досега соработувале со музичари како Jamiroquai, John Legend & The Roots, Amy Winehouse, Take That, Mark Ronson, Martha Reeves, Roots Manuva, Lou Donaldson, Elbow, Adele, Finley Quaye, Robbie Williams, Morcheeba, Duran Duran, Craig Charles Presents The Fantasy Funk Band, The Cinematic Orchestra, Lisa Stansfield, Kano, Estelle, Lily Allen... Тие се во првите редови на фанк сцената во Велика Британија.

Од 2004та година па наваму имаат издадено 4 студиски албуми и тоа "Hot Damn!, "Keep On Movin" (First Word Records), "What Does A Mind" (Haggis Records) и неодамна објавениот „One of these days" исто така за Haggis Records... и преку 10тина објавени синглови. Седморицата млади музичари ги сочинуваат: Kenny Higgins, Malcolm Strachan, Rob Mitchell, Atholl Ransome, Erroll Rollins, George Cooper и Ben Barker. Билетите се веќе во продажба на https://www.kupikartizase.com/Events/haggis_horns_skopje2017
Во Скопје ни доаѓаат во полн состав. Не пропуштајте!

Објавено:
4 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
53 пати