Цако меѓу најдобрите на ораторскиот натпревар „Предизвик на говорникот“

15 април 2016

Вкупно 11 студенти од државните и приватните универзитети во Македонија, меѓу кои и Александар Матовски – Цако, момче со Даунов синдром од Педагошкиот факултет, учествуваа на првите ораторски вечери на тема „Бедна е онаа правда што треба да се правда" одржани синоќа на универзитетот ФОН.

Добитник на прва награда за најдобри оратори е Емилија Манасијевска од Факултетот за економски науки ФОН. Втората награда ја поделија Валерија Крстева од Правниот факултет „Јустинијан Први" од Скопје и Елена Орцева од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев" од Штип. Третата награда ја понесе Александар Матовски – Цако од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски", со што оваа манифестација дава дополнителен стимул за учество на студенти со развојни потешкотии.

Објавено:
15 април 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
420 пати