Почина српскиот актер Небојша Глоговац

Цеца е Шекспир на нашата денешница

9 февруари 2018

Во српските медиумите утринава одекна веста за смртта на 48-годишниот актер Небојша Глоговац. Тој веќе извесно време боледувал од канцер на белите дробови. Пред десет дена итно е примен на Институтот за онкологија во Белград. 

Тамошните медиуми објавија дека легендарниот актер е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е мошне сериозна.

Глоговац починал утринава во Институтот за онкологија, а од него веќе се простуваат колегите, пријателите и семејството.

Роден е на 30-ти август 1969 година во Требиње. Татко му бил свештеник, а мајка му кројачка. Кога има седум години, семејството се сели во Панчево. 

Првин запишува Факултет за психологија, но после две години го напушта и се запишува на Академијата за драмски уметности во класата на професорот Владимир Јевтовиќ. Со него во класа се и Сергеј Трифуновиќ, Наташа Нинковиќ и Војин Ќетковиќ, кој ќе му биде и кум.

Глоговац зад себе остави три деца, синовите Гаврило и Милош и две годишната ќеркичка Сунчица.

Првата улога ја оствари во серијата „Бољи живот“, како школски другар на Слободан Боба Попадиќ. Првиот филм пак во кој се појавува е „Вуковар, једна прича“, каде го толкува ликот на војникот Фадил. Првата главна улога е во филмот „Убиство са предумшњљајем“, како Богдан. 

Посебна популарност стекна во серијата „Породично благо“, како вечниот студент по право, Златко Гавриловиќ, а публиката го памети и по улогите во филмовите „Муње“, „Кад порастем биќу кенгур“, „Небеска удица“ и многу други.

Меѓу последните улоги му се онаа на Хамлет, во истоимената драга во режија на Александар Поповски и улогата во хрватскиот филм на Рајко Грлиќ, „Устав Републике Хрватске“ како Вjeкослав Краљ.

Посебно актуелен во медиумите беше и поради едно од последните интервјуа за босанскиот медиум „Дани“, кога ја даде легендарната изјава дека „Цеца е Шекспир на нашата денешница“, а на кое ве потсетуваме во продолжение:

Оваа година, бевте фантастични во улогата на Хамлет, во режија на Александар Поповски.

-Прво, имавме неверојатна среќа да, после толку време, до нас да стаса таа генијална драма на Шекспир. Претпоставувам дека, токму така, за сто и кусур години, генерациите ќе имаат среќа до нив, наместо свирките на некој талентирно дете што на клавир денес го “растура“ Рахмањинов, да дојде Цеца. Затоа што Цеца е Шекспир на нашата денешница.

Депримирачки...

-Не, не е. Тоа е реалноста. Натрупување на слики кои изминатите децении се доминантно експлоатирани. Како од медиумите, така и од државата и политирачите. Цеца е симбол на нашето време, јунак на нашето доба. Таа е српска мајка, еј!

Што значи тоа?

-Не знам. Знам само дека таа гинекологија е многу интересна. Можеби тука се случило и некое масовно силување, а па оттаму “српска мајка“? Или се работи за нешто друго? Кој знае?! Сепак, повторувам: таа личност е последица на повеќедецениско, константно бомбардирање на опшстеството со “треш“, невкус, аморал. Истовремено, се работи за очигледна незаинтересираност на секоја власт да промовира големи и сериозни содржини. Зошто? Веројатно затоа што знаат дека на човек кој живее во вакви системи, после тежок и напоред ден, полесно му е кога ќе се врати дома, да пушти некоја “цајка“ што би рекле Хрватите, отколку да слуша Бетовен.

Кога зборувате за вакви системи...

-Можете ли во било која од државите на таканаречениот регион да замислите богат доктор на науки, инженер, научник, уметник? Можете ли?! Покажете ми човек кој се убил од учење, кој во мал прст го има сето знаење на овој свет, а кој од својата плата овде може да живее живот достоен за еден човек. Го нема! Не постои таков! Луѓето со знаење и талент овде најчесто немаат скршен денар! Наместо да се занимаваат со својата работа, доктори на науки со дипломите што не се купени или украдени, денеска работат како кондуктери, како таксисти, продавачи. Или поправаат телевизори. Капиталот се слева на друга страна. По тоа каде и кај кого одат парите, лесно можете да заклучите во какво општество живееме, за какви вредности се заложуваме, што се цени, почитува. А се цени Дара Бубамара! Таа ќе ја наполни било која сала, кога и да посака. И полна е ко брод. Веројатно има и некои додатни активности, но боже мој! Ова е свет на силиконски “цицки и газови“. Во него, Дара Бубамара е закон, не јас.

Ех, сега...

-Нема „ех, сега“! Така е. Па, Миограг Петровиќ Чкаља, глумец на кој „откачуваше“ цела Југославија, почина во беда. Сите го обожаваат, ги “пиеја“ сериите и филмовите во кои глумеше, иако тој од својата работа не успеа да наплати ништо. Зошто? Затоа што не постои закон за авторски права. Нас актерите државата не нè штити, не нè штити никој.

 

извор: b92.net; novosti.rs;

фото извор: cdm.me; winestyle.rs; alo.rs; bummagazin.com; jutarnji hr; telegram.hr;

Објавено:
9 февруари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.358 пати