Чарли Чаплин: Кога навистина почнав да се сакам себеси...

20 август 2019

Кога навистина почнав да се сакам себеси,
сфатив дека секогаш и во секоја прилика сум на вистинско место во вистинско време,
и дека сè што се случува е правилно – од тогаш натаму можев да бидам смирен.
Денес знам дека тоа се нарекува доверба.

Кога навистина почнав да се сакам себеси,
можев да спознаам дека емоционалната болка и страдање
за мене се само предупредување дека живеам спротивно на својата вистина.
Денес знам дека тоа се нарекува автентичност.

Кога навистина почнав да се сакам себеси,
престанав да копнеам за некој друг живот
и можев да видам дека сè околу мене било повик за раст.
Денес знам дека тоа се вика зрелост.

Кога навистина почнав да се сакам себеси,
престанав самиот на себе да си го крадам слободното време,
и престанав да смислувам грандиозни проекти за иднината.
Денес го правам она што ме прави да бидам задоволен и радосен,
она што го сакам и што прави моето срце да се смее,
на мој единствен начин и во мој личен ритам.
Денес знам дека тоа се вика чесност.

Кога навистина почнав да се сакам себеси,
Се ослободив од сè што било нездраво за мене: јадење, луѓе, нешта, ситуации
и од сè што одново ме одвлекувало наназад.
Во почетокот тоа го нарекував „здрав егоизам",
но денес знам дека тоа е љубов кон самиот себе.

Кога навстина почнав да се сакам себеси,
Престанав да посакувам да сум секогаш во право, така помалку грешев.
Денес сфатив дека тоа се вика скромност.

Кога навистина почнав да се сакам себеси,
се одреков од минатиот живот и од претераните грижи за својата иднина.
Сега живеам во овој момент во кој почнува сè.
Така денес живеам секој ден и тоа го нарекувам свесност.

Кога навстина почнав да се сакам себеси,
спознав дека можеш да се разболиш и да станеш јаден од своите мисли.
Кога побарарав сила во своето срце, мојот разум доби важен партнер.
Оваа врска денес ја нарекувам мудрост на срцето.

Од денеска па натаму:
Не се плашиме од конфликти, расправија и проблеми со самите себе и со другите,
бидејќи дури и ѕвездите понекогаш се судираат па од тој судир настануваат нови светови.
Денес знам: Тоа е животот!

Чарли Чаплин

 

Објавено:
20 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
967 пати
Тагови: 
Чарли Чаплин