Четири причини плус – зошто сакаме да возиме велосипед

21 април 2017

Пријатна е атмосферата кога низ град се почесто гледате луѓе кои возат велосипед како примарно превозно средство. Основните бенефити ни се познати: полесно ја избегнувате градската сообраќања гужва, здраво е и еколошки, уживате додека возите, истовремено сте и физички активни што ја подобрува не само вашата физичка, туку и психичка состојба...

При тоа за уште поголемо уживање, може вашиот велосипед да го персонализирате, односно да му дадете личен печат, како на пример да го префарбате во омилената боја, да му додадете кошничка со цвеќе или да го „украсите" со некој интересен принт.

Безрезервно, сакаме да возиме велосипед, но во продолжение ви пренесуваме уште четири причини плус зошто велосипедот е најубавото превозно средство:

#Ја подобрува работата на срцето

Ова симпатично превозно средство на две тркала помага во намалување на крвниот притисок дури до 30%

#Помага при намалување на повреди

Луѓето со повреди на колената или остеоартритис, докажано е дека чувствуваат намалување на болката кога во својата секојдневна рутина вклучуваат возење велосипед.

#Помага при намалување на тежината

Ако целите кон тоа да се ослободите од вишокот килограми, возење велосипед е вистинскиот начин.

#Се чувствувате подобро и со поголема самодоверба

Одберете си секојдневна рута која ќе ја возите со велосипед. Докажано е дека со секојдневно и континуирано возење се лачат хормони кои ви создаваат чувство дека може да го освоите светот!

 

Објавено:
21 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
317 пати
Тагови: 
велосипед