Да му помогнеме на Давид од Кратово!

28 декември 2016

Давид Стојановски е името на 13-годишното момче од Кратово на кого итно му е потребна нашата. Имено, на Давид пред 18 месеци му е дијагностициран остеоарком над левото колено.

Поради малигниот карактер на болеста, еден дел од надколеничната коска е отстранет и заменет со имплант, поради што ова момче не може да ја движи ногата сосема.

Но, состојбата на Давид е драстично влошена и потребно е итно да се реагира. Ракот метастазирал и на белите дробови, поради што лекарите од Скопје од различни клиники препорачале ампутација на целата надколеница со вградување протеза, која според таткото на детето, ќе го направи Давид речиси неподвижен.

Во меѓувреме, Давид и таткото заминуваат во Виена кај познатиот доктор Коц, кој предложил специјална оперативна техника со која стапалото на Давид ќе биде во улога на колено и ќе овозможи солидна подвижност. Операцијата во Виенската приватна клиника со отстранување на метастазите од белите дробови чини 54.000 евра, пари што скромното семејство Китановски ги нема на располагање.

Токму затоа, семејството упатува апел до сите што можат да помогнат да се собере потребната сума и да му се овозможи нов живот на малиот Давид, чија единствена желба е да може да игра со другарите.

Сите што имаат можност да помогнат можат да го сторат тоа на следниве начини:

Сметки за донации:

320500021549404
Централна Коперативна Банка АД
на име Билјана Китановска

320500026110053
Централна Коперативна Банка АД
Игор Китановски

Број на кој може да донирате 100 ден. од повик:
Корисници на One – 075-143-480
Корисници на Vip – 077-143-480
Корисници на Телеком – 070-143-173

 

Објавено:
28 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
514 пати