„Да растеме заедно“ – хуманитарен настан за лицата со аутизам

12 јуни 2018

Вчера во Јавна соба (Public room) се одржа хуманитарниот настан „Да растеме заедно / Lets grow together" во организација на НВО Аутизам ААМК. Целта на овој настан беше подигнување на свеста за аутизмот како една состојба се поприсутна, но и преку собраните средства да се помогне на семејства со лица со аутизам.

„Тоа успеавме да го направиме преку аукција и лотарија. На аукцијата имавме околу 30-тина уметнички дела кои беа донирани од самите автори, рачно изработени украсни перничиња, најновото издание „Македонска рок енциклопедија", рачно изработен накит. Најголемиот дел од нив, на наше огромно задоволство уште вечерта се продадоа. Лотаријата беше со тикети кои во вид на донација ги купуваа луѓето, а самата изобилуваше со многубројни и разновидни донации, од слаткарници, фитнес клубови, карти за кино и театар, рачно изработен накит, книги, ваучер за ресторани, барови. играчки, музички CD-a и друго. Ова е трет настан во наша организација за кратко време и може да кажеме дека сме презадоволни од одзивот, од покажаната хуманост од индивидуалци и фирми. Покажуваме дека сите сме исти - луѓе. Имаме различности, но тие се убави. Децата со аутизам се само деца со аутизам кои сакаат да бидат дружени, почитувани, прифате, сакани и најважно од се да бидат директно вклучени во секојдневието. Ние се бориме и ќе се бориме против секаков вида на дискриминација. Тоа што не радува е што не сме сами во оваа борба, зад нас и со огромна поддршка стојат мнижогу семејства со аутизам, но не само со аутизам туку и со разни други попречености. Тоа ни дава елан да продолжиме и понатаму со исто па и појако темпо“ велат од здружението.

Објавено:
12 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
355 пати