Дали е ова најубавото место на светот?

23 декември 2016

Исланд веќе некое време е на листата на најпосакуваните светски дестинации за патување во било кое време од годината.

Неверојатната природа и фантастичните глетки се нешто поради што секој еден човек на светот го има ставено Исланд на листата задолжителни места за посета во животот.

Местото кое сите сакаат да го посетат во Исланд се неверојатните спа базени наречени Blue Lagoon Iceland кои се вистинско чудо на природата.

Ова фасцинантно место се формирало во 1976 – та година, а во 1987 – ма година биле отворени и првите базени по што местото станало исклучително познато поради термалните води и минералите кои лечат разни проблеми.

Денеска ова место сѐ уште важи за една од најголемите светски атракции во светот за туристите, поради што секој оној кој сака да го посети мора однапред да резервира термин.

Blue Lagoon се наоѓа на листата на 25 – те светски чуда, што го прави дополнително посакувано за посета.

Популарната и прекрасна сина боја на водата ова место ја добило благодарение на уникатните минерали во составот и испарувањето што се случува во студените денови што го прави уште помагично.

И во најстудените денови, температурата на водата е околу 40 степени па слободно може да се бањате.

Доколку некогаш решите да го посетите ова место, таму ќе најдете и супер сместување, а ќе можете да уживате во бројните медицински и третмани за убавина.

Објавено:
23 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
986 пати