Десет години од последниот концерт на Тоше – промоција на нова песна

5 октомври 2017

Денеска навршуваат 10 години од последниот концерт на Тоше, одржан на Градскиот стадион во Скопје. Петти октомври стана симболичен датум благодарение на него и сѐ она што препознававме во неговиот лик: човечност, хуманост, добрина, исклучителен талент, космополитски дух...

Десеттото јубилејно ѕвездено небо, што секоја година го организира Фан клубот на Тоше, ќе биде во знакот на промоција на нова песна.

„Недостасуваат зборови за да се опише среќата и задоволството кое го чувствуваме што ја добивме привилегијата и честа за прв пат ние, фановите, да промовираме нова песна од Тоше. Песната се вика 'Light the Flame' и ќе означува најава за новиот албум снимен во Лондон. Дојдете на 5-ти Октомври на Плоштад Македонија заедно да му дадеме почит на легендарниот пејач и човек. Многумина се чудат и прашуваат "Како нова песна, нов албум, кога него го нема веќе 10 години"? ....ете баш тоа е нештото што го прави посебен, ова е уште еден доказ за неговата посветеност кон музиката....", порачуваат од фан клубот на Тоше.

Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше! Се гледаме во 20 часот на Плоштад Македонија.

Објавено:
5 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
497 пати