Јануш Корчак педагог, писател, социјален работник

Десет заповеди за секој родител !

16 мај 2017

 Јануш Корчак е познат полски педагог, писател, лекар и социјален работник, кој неколку пати ќе одбие да си го спаси животот.

Првпат тоа се случило кога Јануш одлучил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, со цел Домот за деца без родители да не го остави на волјата на судбината во пресрет на ужасните настани.

Потоа, кога одбил да избега од варшавското гето. Кога сите жители на Домот за деца без родители биле веќе во возот подготвени да тргнат во логор, на Корчак му се приближил  еден ССР офицер и го прашал:
– Дали вие го напишавте „Кралот Матијуш"? Ја читав таа книга во детството. Не е лоша книга. Слободни сте.
– А децата?
– Децата не се. Но, вие можете да го напуштите вагонот.
– Грешите. Не можам. Не се сите луѓе гадови.

1.Не очекувај твоето дете да биде како ти, онака како ти си замислил дека треба да биде. Помогни му да стане свој човек, а не твоја копија.

2. Не барај од твоето дете да ти плати за сè што си сторил за него. Си му дал
живот, како може да ти се заблагодари? Тој ќе го даде својот живот на втор, трет, тоа е законот на невозвратена благодарност.

3.Не одмаздувај се на своето дете за сите навреди кои ги доживуваш, затоа што во староста те очекува горчлив леб.Т оа што сееш, тоа ќе жнееш.

4.Никогаш не потценувај ги проблемите на детето. Секој човек живее во рамките на сопствената сила и биди сигурен дека на детето не му е полесно отколку на тебе, многу возможно е да му е потешко оти го нема твоето искуство.

5.Не понижувај го!

6. Не заборавај дека најважните средби во животот на човекот се средбите со децата. Посветувај му повеќе внимание, никогаш нема да знаеме кого сретнуваме во своето дете, во неговата личност.

7. Немој да се мачиш ако нешто не можеш да направиш за своето дете, само потсети се дека на твоето дете никогаш ништо нема да му е доволно.

8. Детето не е тиранин кој владее со твојот живот и не е само плод од крв и месо. Тоа е таа драгоцена чаша која ти ја дал животот да ја чуваш, да ја развиваш и да го разгоруваш креативниот оган. Во таа ослободена љубов на мајка и татко, не расне “мое дете“,“наше дете“, туку душа која ни е доверена на чување.

9.Научи да сакаш туѓо дете, никогаш немој да правиш нешто лошо на туѓото дете, она што не сакаш да го направи некој на твоето.

10. Секогаш сакај го своето дете и кога не е талентирано, кога е несреќно, пораснато. Разговарај со детето, радувај се со него, затоа што детето е празник , кога е до тебе и со тебе.

Објавено:
16 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.733 пати