Детска сликовница за „Авантурите на Лисичко" – учиме и се забавуваме!

3 јули 2018

Група македонски уметници, млади ентузијасти, ја креираа детската сликовница „Авантурите на Лисичко и Калинка" со цел заеднички да ја збогатат музичката и литературната понуда за децата од предучилишна возраст на македонски јазик. Оваа сликовница изобилува со забавни илустрации, весели песнички и едукативни содржни за најмалите. Преку авантурите на Лисичко, Калинка и нивните пријателчиња, децата ќе имаат можност да научат основни животни лекции: од одржување на лична хигиена, преку броење и запознавање со различните карактеристики на годишните времиња, до тоа колку е важна социјализацијата со другарчињата итн. Покрај визуелен и текстуален приказ, ќе следува и носач на звук (CD/USB), преку кој децата ќе имаат прилика да ги чујат песничките, да ги пеат заедно со дечињата чии гласови се позајмени за нашите ликови и што е најважно - ќе слушнат различни инструментални бои, ќе почувствуваат различни ритмички и мелодиски структури, кои секако се од клучно значење за нивниот понатамошен развој на слухот и моториката. Целиот концепт се појави како одговор на недостатокот на ваков тип на содржини на македонски јазик и се разви паралелно заедно со нашите музички видеа кои може да ги погледнете тука:

Тимот кој работи на сликовницата реши да направи кампања за групно финансирање со цел да може да се испечати,сними и да стигне до сите дечиња!

Доколку сакате да ја помогнете кампањата, следете го овој линк.

 

Ризици и предизвици

Сликовниците, музиката и креативноста играат голема улога во правилниот развој, особено кај децата од предучилишна возраст. Нашата цел е овие елементи да ги вклопиме во една забавна авантура која преку игра и песна ќе придонесе кон квалитетна едукација. Со вашата поддршка ќе бидеме во можност да ја испечатиме сликовницата и да ги снимиме и ставиме на носач на звук нашите песнички. Но пред се, ќе ни помогнете да им овозможиме едукација преку игра и забава на малите дечиња! Доколку собереме повеќе од планираната сума ќе донираме дел од сликовниците онаму каде што е потребно. Ви благодариме!

Објавено:
3 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
203 пати