„Диско треска“ за Василица во МОБ!

8 јануари 2019

Македонската опера и балет со огромно задоволство ви најавува „Диско треска" за Василица! Гала концертот по повод празникот „Василица" насловен „DISCO FEVER" оваа година ќе и приреди на публиката вистинско и незаборавно уживање со изборот од најдобрите диско хитови од 70′ години во целосно нови симфониски аранжмани!

Хитовите Staying Alive, Night fever, Hot stuff, Upside down, Ain't nobody, Dancing queen, That's the way like it, Don't stop till you get enough и многу други популарни хитови на Gloria Gaynor, Donna Summer, ABBA, Bee Gees, Michael Jackson, Boney M и останати диско изведувачи во живо со оркестарот и балетот на МОБ, традиционално на 12 и 13 јануари, 2019 година, 20 часот.

Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Дејан Прошев

Настапуваат:
• Дани Димитровска
• Наде Талевска
• Ѓоко Танески
• Александра Јанева
• Елена Петреска
• Маја Саздановска
• Лина Пејовска
• Александар Тарабунов
• Ана Мицковска
• Горан Наумовски
• Полина Тасева
• Лена Заткоска-Маротова
• Лина Авшар
Специјален гостин Кире Ѓоревски
Оркестарот и балетот на МОБ

Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ 02/3118-451

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
765 пати