Дизни ја објави актерката што ќе ја глуми Ариел

4 јули 2019

Откако деновиве ги објавија фантастичните постери со ликовите од Lion King и конечно го открија датумот на прикажување на филмот, од Дизни доаѓаат уште повозбудливи вести.

Иако наскоро доаѓаат многу нови филмови од продукциската куќа, за еден сме особено возбудени – „Малата Сирена“.

Годинава се прославуваат 30 години од прикажувањето на цртаниот филм за „Малата сирена“, па тоа е и повеќе од добар повод да се направи филмска адаптација на истиот.

Конечно, деновиве тие објавија и дека младата и талентирана Хали Бејли, откритие на Бијонсе, ќе го толкува главниот лик во филмот што сите со нетрпение го очекуваат.

Досега се шепкулираше дека младата актерка и пејачка Зендаја ќе го толкува ликот на Ариел, но од Дизни објавија ново име.

„По долга потрага, јасно беше дека Хали ја поседува онаа ретка комбинација на младешки дух, добро срце, младост, невиност и нескротливост и секако, фантастичен глас. Ова беше пресудно за да ја одбереме за улогата“, напиша режисерот на филмот Роб Маршал.

Инаку, Хали е позната по нејзината музичка група Halle x Chloe, каде настапува заедно со нејзината сестра близначка, а светот дозна за нив откако почнаа да објавуваат преработки на песни од Бијонсе, по што музичката дива ги зема под нејзина закрила.

 Во филмот младата Хали ќе глуми со Мелиса Мекарти како Урсула, Џејкоб Трембли и Аквафина.

 

Објавено:
4 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
4.311 пати