Ерик Клептон гитарист

Документарец за Клептон

11 септември 2017

                                     

Showtime го промовираше трејлерот за новиот документарец посветен на Ерик Клептон наречен „Life in 12 Bars“, кој премиерно ќе се прикаже неделава на престижниот филмски фестивал во Торонто. Трејлерот почнува со блуз легендата Б.Б.Кинг, а во филмот ќе има досега необјавени материјали од архивата на Клептон како и фотографии кои не се објавени никаде.

Фото извор: KNKX

Документарецот го опфаќа целиот живот на Клептон од детството,до легендарната *Лејла* ,преку животната драма па се до ден денешен.

„Јас знаев дека сум поинаков ,но не знаев зошто“, - вели Клептон во филмот.Тој со своето музицирање има реализирано револуција во начинот на кој поинаку звучи гитарата.

„Life in 12 Bars“ открива и темни страни на Клептон вклучувајќи ги дрогата и алкохолот, неговите зависности и трагичната смрт на неговиот син Конор 1991 година.


Режисерката Лили Финик Занук имала во раце огромен архивски материјал на располагање ,од класични изведби на Клептон до следење на животот позади сцена,фотографии, постери од концерти, рачно пишувани писма, цртежи и дневникот на Ерик.

„Eric Clapton: Life in 12 Bars“ ќе се прикаже премиерно во секцијата  „Rolling Stone's 30 Movies We Can't Wait to See at the Toronto International Film Festival“, а премиерата се очекува да биде на 10-ти фебруари 2018 година на каналот Showtime.

 

Објавено:
11 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
108 пати
Извор: 
RollingStone