Домот на Грејс Кели ќе биде отворен за јавноста

3 февруари 2017

Во октомври 2016 година принцот Алберт од Монако ја купи родната куќа на неговата мајка во Филаделфија, САД и истата планира да ја уреди и отвори за јавноста.

Иако Грејс Кели беше принцеза од Монако, со овој чин нејзиниот син ги потсети сите дека неговата мајка има потекло од Америка и дека таа била горда што пораснала во Филаделфија.

Куќата се наоѓа на 3901 Henry Avenue, а истата се планира да биде отворена за јавност некаде во 2018 – та година.

Во 1974 година семејството на актерката и принцеза ја продало семејната куќа, па оттогаш истата постојано беше ставана на продажба и уништена на многу начини бидејќи никој и не се грижел за неа.

Принцот Алберт планира за една година да ја реставрира и да поправи сѐ што е можно во неа, за истата да може да биде подготвена за посети од јавноста.

Тој планира да го задржи целиот мебел и уникатните детали за целата прошетка да биде посебен и емотивен момент за сите оние кои едвај чекаат да видат каде пораснала нивната омилена актерка и принцеза која важи за една од најубавите во историјата.

 

 

Објавено:
3 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
162 пати