Џаред Лето во улога на Енди Ворхол

21 септември 2016

Оваа голема филмска вест израдува многумина обожаватели и на двајцата уметници.

Покрај тоа што ќе се најде во главната улога, Џаред Лето ќе биде дел од продуцентскиот тим, заедно со Мајкл Де Лука ((Fifty Shades of GreyThe Social Network), а Теренс Винтер (Boardwalk EmpireThe Wolf of Wall Street)  ќе биде задолжен за сценариото.

Филмот најмногу ќе биде базиран врз книгата „Warhol: The Biography“, од 1989 година, чиј автор е Виктор Бокрис.

И не можеме да замислиме некој друг што подобро би се снашол во таа улога, особено ако знаеме колку посветен актер е Џаред Лето и какви сѐ луди работи правел за улогите.

Објавено:
21 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
138 пати