Џастин Трудо на насловната на Rolling Stone – рок ѕвезда меѓу политичарите

27 јули 2017

Канадскиот премиер Џастин Трудо е еден од ретките политичари – ѕвезди. И тоа во позитивен контекст. Тој не игра голф, но затоа обожува сноубординг, а тоа многу зборува за неговиот карактер.

Rolling Stone

Како таков, непосреден, забавен, космополит и емоционално интелигентен, се најде на насловната страна на авустовскиот број на престижниот магазин Rolling Stone. Тој е рок ѕвезда во политиката.

Фото: Getty Images

Во интервјуто со наслов: Зошто тој да не биде нашиот претседател?, зборува за првиот љубовен состанок со неговата сопруга Софи и како уште тој момент решил дека ќе ја ожени. Зборува за неговите деца и за детето во него. Минатата година, за време на „Trick or treat", маскиран како пилот му правел друштво на неговиот син, кој пак бил под маската на Малиот принц.

Фото: Getty Images

Со доза на хумор зборува и за неговите политички опоненти, но секогаш сериозен и одговорен за прашањата кои ги засегаат неговите граѓани.

Фото: michael_kappeler-zuma

Честопати е фотографиран во непосредни ситуации, додека практикува јога или прави „селфи" со младите Канаѓани. И кога се разговара со него, неизбежно е да не се обрне внимание на неговиот стил. Новинарот што го потпишува интервјуто, Стефан Родрик, забележува дека уште пред да започнат со разговорот, тој комотно го соблекол сакото и ги подвиткал ракавите на кошулата со што создал еден уште попријатен и опуштен амбиент за разговор.

Фото: Getty Images

Целото интервју може да го прочитате на овој линк.

Објавено:
27 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
177 пати