„Џокер“ е најразочарувачкиот филм годинава?!

4 октомври 2019

„Џокер“ беше дефинитивно еден од најочекуваните филмови за оваа година, па сосема оправдан беше вчерашниот метеж низ кино салите во светот каде истиот премиерно се прикажуваше.

Во голем дел од американските кино сали било ангажирано екстра обезбедување, па дури и ФБИ поради закани за можни напади кои за среќа не се остварија.

Comic book

Од кино салите излегоа претежно возбудени обожаватели на ликот за кој сметаа дека ќе им понуди повеќе, благодарение на високите оценки и наградите што ги освои во Торонто.

Најголемиот број филмски критичари го понудија своето мислење за медиуми како што се The Guardian и New York Times, а тоа беше сѐ, само позитивно не, иако може да се каже дека нивното мислење не го делат сите.

Она што тие го посочуваат е дека драмата на Тод Филипс воопшто не шокира како што тоа беше најавено во претенциозните трејлери, туку дека филмот всушност не раскажува никаква приказна и е доста плиток.

Letterbox

Прво на што посочуваат е насилството во истиот и потсетуваат на трагедијата што се случи во Колорадо во 2012 – тата за време на прикажувањето на „The Dark Knight Rises“ и писмото што групата преживеани го испрати до Warner Bros за повторна можна трагедија.

The Guardian пишува дека ликот на Џокер е толку детски и плиток што дури не успева ниту да ги шокира присутните кога тоа следува по сценариото.

Инаку, Хоакин Феникс го толкува ликот на Џокер, односно Артур Флек кој е осамен лик од Готам сити со психијатриски проблеми. Еден ден, Артур кој работи како кловн открива дека неговиот талент вушност не лежи во комедијата, туку во насилството каде што почнува и главното дејствие.

Variety

Критичарите пишуваат дека во текот на филмот гледачите лесно ќе изгубат интерес, бидејќи во еден момент истиот оди во сосема непотребен правец. Тие ќе додадат дека глумата на Феникс е беспрекорна, но и дека тој можеби чувствувал поголем притисок бидејќи сега има цел филм за Џокер и истиот мора сам да ја води целата приказна. Секако, за разлика од брилијантната и оригинална изведба на Хит Леџер на која никој не смее да заборави.

New York Times пишува дека филмот и воопшто не е забавен како што беше најавено и секако, требаше да биде, и дека воопшто не можат да поверуваат дека истиот е дело на Тод Филипс кого го знаеме од култниот „The Hangover“. Во него, Џокер се смее дури и премногу, за разлика од другите.

Collider

„За да биде вреден за разговарање, филмот мора да биде интересен: мора да има некоја поента, барем имагинарен контакт со светот каков што го знаеме, да е провокативен наместо празен...“, вака некако гласи главната поента на филмскиот критичар Скот кој го напиша неговото мислење за New York Times.

Покрај сето ова, Хоакин Феникс е брилијантен и потценет актер чие име се споменува за Оскар, а што од тоа ќе се оствари, останува да видиме и секако, да го погледнеме филмот.

Инфо: The New York Times, The Guardian

Објавено:
4 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.066 пати