По неколку месеци интервјуа, фотосесии, куси трејлери и видеа, вчеравечер во гламурозната Ројал Алберт сала во Лондон, конечно се случи големата премиера на Џејмс Бонд – Спектра.

На црвениот килим во своите најдобри изданија се појавија главните актери од филмот – Даниел Крег, Леа Сејду, Моника Белучи, Наоми Харис и сите оние што напорно работеа на последното продолжение на големиот Џејмс Бонс 007. 

Огромен впечаток вчеравечер остави и кралското семејство кое беше воодушевено од средбата со актерите и самата премиера на филмот. 

Прекрасната Војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави во небесно сина тоалета од нејзината омилена Џени Пакам, комбинирана со елегантна фризура и шминка и високи сребрени потпетици. 

Вистинска убавица беше и единствената Моника Белучи која за премиерата се одлучи за долга тоалета од кадифе во прекрасна темно зелена боја. Како и секогаш, таа блесна со нејзината неприкосновена убавина, која овој пат ја надополни со едноставна фризура во бранови и нежна шминка и накит. 

Нејзината помлада колешка на која Холивуд ѝ предвидува блескава кариера, Леа Сејду, се одлучи за целосно блескава тоалета во златна нијанса што одлично и прилегаше на нејзината нежна убавина и прекрасна руса коса. 

Британската премиера на Џејмс Бонд предизвика навистина голем интерес кај познатите, па така на истата можевме да ги видиме и новата музичка ѕвезда Џејмс Беј, Вил Ај Ем, Натали Имбрулиа, единствената Џоан Колинс и уште многу други познати личности. 

Сосема очекувано, на премиерата се појави и ѕвездата што имаше можност да ја испее насловната тема на филмот, Сем Смит кој се одлучи за елегантна црно – бела комбинација со пеперутка вратоврска. 

Македонската премиера на долгоочекуваното продолжение на Џејмс Бонд – Спектра, ќе се случи на 5. Ноември во киното Синеплекс во Скопје Сити Мол.

Дотогаш, погоре во галеријата погледнете како помина премиерата во британската престолнина.

Објавено:
27 октомври 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.097 пати