Емотивен мини документарец за Џим Кери: Ми требаше боја

10 август 2017

„Како дете, половина од моето време го поминував забавувајќи ги со моите настапи другите во дневната соба, а половина од времето, се повлекував во мојот рај, мојата детска соба и таму пишував поезија и цртав", е метафората на животот на Џим Кери кој и сега, во ликот на еден од најобожуваните комичари на сите времиња, има потреба да се повлече во својот рај, во неговиот дом претворен во ателје и да создава уметност во поинаква форма.

Кери како уметник, е темата на мини документарецот „I Needed color", шест минутно видео снимено во уметничкото ателје на актерот, каде самиот се спознава преку своите уметнички дела и за тоа зборува многу искрено и отворено пред светот.

„Сликата што сум ја насликал ми кажува што треба да знам за себе", вели Кери во документарецот во кој може да се забележи дека целиот негов дом е претворен во една огромна галерија, со негови авторски дела насекаде.

„Дури и јадам врз моите слики", ќе се пошегува во еден момент.

Парадоксот на овој врвен и вонсериски актер, е тоа што страдаше од тешка депресија, а дополнително неговиот дух го скрши и самоубиството на неговата девојка, Катриона Вајт во 2015 година. Но, добрата околност е што ја пронашол најпродуктивната терапија, претворајќи ги своите емоции во опиплива уметност.
Уживајте во видеото.

 

Објавено:
10 август 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
922 пати