Eros Ramazzotti доаѓа во Скопје!

11 септември 2018

После концертот на Sting, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан.
Во рамките на својата светска турнеја „Vita ce n'e'" која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека ЕROS ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!

Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто EROS доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на ова исто место, утревечер во 21 часот.
Концертот на Еros Ramazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата.

Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец" која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.

ВАЖНО: Влезниците за концертот на Еros Ramazzotti, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена утревечер со останатите информации.

 

Објавено:
11 септември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
367 пати