Етно црвен клим на „Сараевскиот филмски фестивал“ - генијална идеја за промоција на традицијата

19 август 2019

Деновите од 16. до 23. август, во фокусот на филмската јавност е престижниот „Сараевски филмски фестивал“.

Од година во година овој фестивал со право прераснува во сериозна филмска манифестација која благодарение на атрактивната програма и светски познатите филмаџии и актерски имиња, на Балканот му дава глобално значење во светот на филмската индустрија.

Во рамките на годинешното 25-то издание на фествалот, за најпрестижното признание „Srce Sarajeva" се натпреваруваат вкупно 53 филма во четири категории: игран, документарен, краток и студентски филм.

Наградата што се доделува за особен придонес во филмската индустрија „Počasno srce Sarajeva" годинава ѝ припадна на почитуваната актерка Изабел Ипер, која е една од главните ѕвезди на ова издание на фестивалот, покрај оскаровецот, режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту кој вчера одржа мастер клас на кој зборуваше за својата кариера, знаење и искуство во филмскиот свет.

Во годинешната програма на Сараевскиот филмски фестивал се најдоа и македонските филмови „Господ постои, името ѝ е Петрунија" (во рамките на програмата: Во фокусот) и „Медена земја", (во рамките на програмата: Документарен филм) кој е влезен и во официјална конкуренција за наградата „Srce Sarajeva". И двата наши филмa беа поздравени со комплименти и гласни овации од публиката, што е уште една потврда за нивнот голем успех во светски рамки.

Она што исто така ни го одвлече вниманието е генијалната идеја, црвенот килим на годинешново издание да биде проткаен со етно мотиви, што е за голем поздрав како иновативен начин да се промовира сопствената традиција пред светската јавност!

 

Фото: Fan page/Instagram Sarajevo film festival

Објавено:
19 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
127 пати