Фантастичен минималистички стан со примеси од природата

25 септември 2014

Тимот на украинското архитектонско студио „Своја“, смисли одлична комбинација од минималистички елементи во еден простор и племенита природа на исто место!

Она што е особено интересно во овој простор е вертикалната градина што е имплементирана како неверојатен ѕид што на посебен начин ја оживува дневната соба и всушност – целиот стан!

Како што ќе кажат и самите дизајнери, секој простор го одредува идниот дизајн на истиот, но во овој случај тие одлучиле да креираат нешто сосема поинакво, односно еклектичен простор и покрај ограничувањата.

Во дел од прекрасниот стан, дизајнерите овозможиле неверојатно магичен поглед кон реката Дњепар со целосни прозорци покрај кои се простира градината која што е поставена на бетонски и дрвени столбови одоздола.

Оваа прекрасна концептуална оаза во целост го менува изгледот на просторот и му дава неверојатна свежина и живост, а е од големо значење за оние кои, поради одредени причини, одбрале да живеат во стан, а сепак копнеат по живописните градини.

Поврзувањето на урбаната џунгла и природата е навистина видливо благодарение и на феноменалната масичка за кафе изработена од фасцинантно дрво.

Остатокот од станот е поделен на две спални соби со тоалети и мала работна соба.

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Култура