Фантастични мурали на наши уметници ја обоија Струга

9 октомври 2018

Нов бран уметност донесе свеж и колоритен дух, што ги разигра сивите ѕидови на Струга.

Од 5-ти до 7-ми октомври Струга беше домаќин на „Мурал фест", дел од проектот „Нов културен бран" настан кој им даде шанса на младите и талентирани уметници својата уметност да ја пренесат на ѕидовите на градот и со тоа да го обојат неговиот лик.

Идејата и организацијата за овој настан е на фотографот и ликовен уметник Кристина Затуровска во соработка со SILINDART од Гостивар предводена од истакнатиот уметник Бурхан Ахмети.

„Направивме еден нов вид на фестивал со кој би сакале да ги привлечеме младите талентирани уметници да бидат дел од една нова модерна историја на градот со тоа што малите тесни улички би ги претвориле во урбани и забавни, кои имаат различни прикaзни. За проектот се ангажирани повеке уметници од Македонија кои изработија Мурали на различни локации во Струга. Би сакале градот да прерасне во град на уметност, град кој ќе ги забавува и инспирира луѓето од сите возрасти", велат организаторите.

Артисти кои земаа учество на овој фестивал, прв од ваков тип, се: Ирина Коневска, Блаже Атанасков, Марјан Димиќ, Драган Китановски Драш, Енкел Дика, Милко Нестотоски, Викторија Попоска, Христијан Томаноски.

Во галеријата ќе погледнете дел од нивните фантастични дела.

Фото: Kiki Muki

Објавено:
9 октомври 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.550 пати