Фасцинантни инсталации на „Фестивалот на светлината“ во Берлин!

14 октомври 2014

Прекрасниот Берлин до 19-ти октомври ќе живее во духот на светлината и најубавите инсталации од светло во рамки на 10- то издание на „Фестивалот на светлината“.

 

Познатите обележја на Берлин деновиве добија сосема поинаков изглед, а нивните и онака фасцинантни изданија, сега блеснаа во полн сјај!

Особено восхитувачко беше изданието на Брандебуршката капија и Берлинската катедрала, на чии површини се менуваа неверојатни светлосни прикази од природата, детали од уметнички дела, разни пораки и инсталации.

 

Одличната филмска проекција на фасадата на театарот „Gendarmenmarkt“ на совршен и сосема поинаков начин ја прикажа историјата и настанувањето на зградата стара дури 200 години.

 

Сѐ до 19 – ти октомври граѓаните на Германија и сите туристи што ќе имаат среќа токму во тие моменти да се најдат во престолнината, ќе можат да уживаат во бројните уметнички инсталации на голем број автори од земјата, но и од цела Европа.

Во рамки на фестивалот, се одржуваат и бројни концерти и интересни перформанси, а секоја втора вечер во градот се појавуваат мистични живи фигури наречени „Чувари на времето“.

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Култура