FASHION GROUP со поддршка за кампањата "Со срце за секоја една"

7 декември 2017

 

Fashion Group и "Добредојде" Macedonia Welcome Centre се приклучуваат кон глобалната кампања "16 дена активизам против родово-базирано насилство".

Дел од секоја трансакција направена на 09.12.2017 година (сабота) во продавниците на Fashion Group во Skopje City Mall, ќе се искористи за поддршка на Организацијата на жени на град Скопје, односно за шелтер центарот за заштита на жртви од семејно насилство.

Истиот ден, на штанд поставен пред продавницата Women'secret, каде домаќин ќе биде "Добредојде" Macedonia Welcome Centre, ќе бидат достапни повеќе материјали поврзани со Организацијата на жени и нивните активности во однос на заштита на жртвите на семејно насилство.

Во исто време, како мотивација за купувачите Fashion Group ќе овозможи промотивни цени во своите продавници во Skopje City Mall.

Ве покануваме да нè посетите и да се придружите кон оваа глобална иницијатива!

*Спонзорирана објава

Објавено:
7 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
62 пати