Fashion Revolution Macedonia го организира својот прв настан: Дојдете да разменуваме облека во име на еколошката свест

20 септември 2019

Продолжувањето на векот на нашата гардероба придонесува за намалување на загадувањето на животната средина, со оглед на тоа што модната индустрија е втор по ред загадувач во светот. Секој мал чекор е придонес за намалување на загадувањето и поддржување на одржливата мода.

Со оваа идеја, тимот на Fashion Revolution Macedonia со задоволство Ве поканува на својот прв настан, на први октомври од 16 до 20 часот во Public Room, каде ќе разменуваме облека (clothes swap) и ќе имаме проекции на документарниот филм „True Cost", кој ни ја доближува реалноста зад убавото лице на модниот свет и производството во модната индустрија.

Затоа, донесете си свое парче облека. Парчиња кои се во добра состојба, а со кои не сте повеќе емотивно поврзани. Чисти и подготвени за „нов сопственик". Целта на размената е да го продолжиме векот на траење на облеката. Со тоа сакаме да ја поткренеме свесноста меѓу потрошувачите за купување квалитетна облека која би траела подолго, наместо „fast fashion" модни парчиња кои навидум ги купуваме евтино, а понекогаш ги употребуваме и само еднаш.

Проекции на True Cost:

16.30 – 18 ч.
18.30 – 20 ч.

Неколку совети за clothes swap:

Облеката да е чиста и во добра состојба;
Можете да донесете минимум 1 парче, но во тој случај би можеле да земете само 1 парче;
Максимум на донесени парчиња е 5;
Облеката која нема да најде нов сопственик за време на настанот ќе биде донирана на организацијата „Љубезност".

Влезот на настанот (и проекциите) е слободен.
Директно учество во clothes swap не е задолжително. :)

Fashion Revolution Macedonia е дел од глобалното движење Fashion Revolution. Веруваме во модна индустрија која подеднакво ги вреднува човечкиот капитал, животната средина, креативноста и профитот. Ја славиме модата, но истовремено сакаме да ја подигнеме свеста за најгорливите проблеми, да покажеме дека промената е можна и да ги охрабиме сите засегнати страни во создавање на поголема одржливост и етичност во модната индустрија.

Повеќе информации за Fаshion Revolution Macedonia: https://www.fashionrevolution.org/europe/macedonia/

Објавено:
20 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
174 пати