Fashionel се приклучува на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

24 ноември 2017

Денеска сме обоени во портокалово – како симбол за поддршка за подобра иднина без родово базирано насилство!

Глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство" се организира секоја година од 25 ноември до 10 декември, со цел да се подигне јавната свест за насилството врз жените и девојчињата.

Статистиките се загрижувачки и велат дека насилство претрпуваат една од три жени и девојчиња ширум светот. Затоа треба да бидеме гласни и бескомпромисни кога е во прашање борбата против родово базираното насилство.

Со таа цел, во Собранието на Република Македонија вечер ќе биде означен почетокот на кампањата „Шестнаест дена активизам против родово насилство", во организација на Обединетите нации, а во соработка со институциите во Македонија.

ОН и Собранието, како домаќин соработуваат во меѓународната кампања „Шестнаесет дена активизам против родово насилство" за подигнување на свеста на меѓународно ниво, со цел да се раздвижат активностите за да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата во светот.

Со одбележување на почетокот на кампањата всушност се најавува и утрешниот ден 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

Годинешната кампања ќе опфати низа дејства посветени на „Да го обоиме светот во портокалово: да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата", кои што ќе опфатат осветлување на зградата на Собранието во портокалово, лица од различни занимања што ќе постираат пораки против насилството за да ја покажат својата поддршка на социјалните медиуми, како и организирање низа дебати и работилници ширум земјата.

Стоп за родово базираното насилство! Секој од нас има индивидуална обврска да застане против насилството и да биде гласен и достоинствен во борбата.

Тимот на Fashionel се приклучува на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“!

 

Објавено:
24 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
142 пати