Фестивал на виното во Македонско село

21 септември 2017

Инспирирани од вечната љубов кон виното и неговиот
безвременски вкус, ја продолжуваме приказната
која ја започнавме минатата година...

Програма :

петок 29.09

16:30 | Чалгии
18:30 | Boris & The Band
20:30 | НОКАУТ / ИГОР ЏАМБАЗОВ / ГУРУ ХАРЕ
22:30 | Дарио

сабота 30.09

13:00 | Чалгии
15:00 | Чалгија Саунд Систем
17:30 | Лидија Кочовска
20:00 | ТАМАРА ТОДЕВСКА
22:00 | Контраплан

недела 1.10
13:00 | Караванија
15:00 | Чалгии
17:30 | Камелеон
20:00 | ЉУБОЈНА /ЏАМБО АГУШЕВ
21:45 | Табиет

Водени од желбата за придонес во афирмацијата на винската култура во Македонија, развој и негување на култот кон виното, претставување и промоција на најдобрите винарии, и вкусните специјалитети и деликатеси, од 29-ти септември до 1-ви октомври, го организираме вториот по ред „Фестивал на виното", со надеж дека истиот ќе прејдево традиција која ќе се негува уште многу години.

За време на фестивалските денови, комплексот „Македонско село" ќе биде место каде гостите ќе можат да уживаат во врвните вина од најдобрите винарии, искомбинирани со вкусни специјалитети и деликатеси и богатата музичка програма во единствениот и автентичен амбиент на комплексот.

Ве очекуваме повторно да наздравиме заедно за уште една незаборавна приказна!

ВИНСКАТА ТРАДИЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА...

Во Македонија виното има статус на национална гордост, а тоа се должи на вековната традиција за производство на овој благороден пијалак во нашите краеви. Македонците со векови ја користеле плодната почва и исклучително поволните климатски услови за одгледување на свежи и хармонични сорти бело грозје и квалитетни црвени сорти со овошна арома.

Денес, може да бидеме горди на македонските винарии кои произведуваат врвно вино - црвено, бело и розе, суво и слатко, како и пенливо и мирно.
Меѓу бројните винарии во Македонија своето место на врвот го најдоа најпознатите Тиквеш, Камник, Бовин, Стоби, Сопот, Сковин, Лозар.

 

Објавено:
21 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
388 пати