ФХ3Х ги изработи ефектите за два номинирани филма за Оскар

15 јануари 2016

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х го објави своето учество во визуелните ефекти на два филма номинирани за највисокото признание во индустријата, Оскар за најдобри визуелни ефекти.  

Номинациите за 88 – то издание на Оскарите беа објавени во Семјуел Голдвин Театарот во Беверли Хилс. Актерот Џон Красински, претседателот на Академијата Шерил Бун Ајзак и режисерите Гиљермо дел Торо и Анг Лее ги објавија номинациите во сите 24 категории.

Во категоријата за најдобри визуелни ефекти за Оскарот ќе се борат:

„Ex Machina” 
„Mad Max: Fury Road” 
„The Martian” 
„The Revenant” 
„Star Wars: The Force Awakens” 

Компанијата ФХ3Х учествуваше во визуелните ефекти на два од номинираните, „The Martian” и
„The Revenant“, а токму овие два филма се борат и за титулата најдобар филм. Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, сопственици на ФХ3Х, задоволни од објавените резултати на Академијата, велат:

„Ни беше чест и гордост што бевме дел од такви проекти кои се натпреваруваат за највисокото признание за квалитет во нашата индустрија, особено што овие два филма се борат и за титулата најдобар филм во претходната година“.

Церемонијата на доделување на Оскарите ќе се одржи во Долби театарот во Холивуд, на 28 февруари, а водител ќе биде Крис Рок.

Објавено:
15 јануари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
524 пати